Вучиќ кристално јасен: Нема да поддржиме членство на Косово во ОН
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Тобијас Билстром, изјави дека разговарале и за ситуацијата на Косово и Метохија и дека за да нема дилеми, го повтори ставот дека Србија нема да го поддржи членството на Косово во ОН.
- Разговаравме и за ситуацијата на Косово и Метохија и повторив, за да се избегне каква било дилема, ставот на Србија дека Србија ќе го исполни она што го кажа, но дека нема да го поддржи членството на Косово во ОН и специјализираните агенции и институции на ОН. И дека јасно ги информирав сите учесници во преговорите и другата страна и Борел, Лајчак, Шолц, Макрон и Блинкен и сите на земјината топка со кои разговаравме – рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…
Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…
Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…
Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…
Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…
Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…
Притвор до 30 дена за директорката на…
Вишиот суд во Белград одреди притвор до…
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…