Јакимовски најави набавка на нова опрема во Карпош: Се зголемува нивото на хигиена во општината
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски најави набавка на нова техничка опрема со која дополнително ќе се зголеми квалитетот на одржување на зеленилото и хигиената во општината. Јакимовски нагласи дека ефикасноста во одржувањето на хигиената во Карпош е во голема мера подобрена во однос на претходната година благодарение на ангажманот на вработените и покрај тоа што беше намален бројот на работници од 130 на 90.
– Сакаме да ја зголемиме ефикасноста уште повеќе, па за таа цел издвоивме од буџетот 5,5 милиони денари, тоа е некаде околу 90 илјади евра за да набавиме нови тримери, нови смукалки и дувалки, тракторски косилки, пили за сечење дрва, телескопи за сечење гранки бидејќи многу граѓани го бараат тоа од нас и ќе набавиме три возила на електричен погон со кои ќе се одржува хигиената по улиците. Со ова очекувам уште повеќе да се подобри хигиената на територија на општина Карпош. Со воведување на повеќе техника сметаме дека и ефикасноста ќе биде уште поголема – изјави на денешната прес конференција градоначалникот Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилник од Карпош ја натепал сопствената сестра,…
Вчеравечер околу полноќ, во скопската општина Карпош…
Во Карпош ќе се поставува „Репелент“ против…
Од Општина Карпош информираат дека како дел…
Нападнат 76-годишен човек во Карпош
Педесет и три годишен напаѓач вчера физички…
Инспекторите на Општина Карпош казнија 26 градилишта,…
Инспекторите на Општина Карпош минатата недела спровеле…
(Видео) Јакимовски со трет сет мерки за…
Општина Карпош носи трет сет на мерки…