Шамар од Гир: Премалку е направено во борбата со корупцијата

t

Серија критики за исполнувањето на препораките за борба против корупцијата наведени во ланскиот извештај на Европската комисија изнесе евроамбасадорот Дејвид Гир на денешниот работен состанок во Владата на кој учествуваше и вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска.

За евроамбасадорот, состанокот, како што рече, е можност да се направи осврт на задачите кои ѝ претстојат на Македонија во борбата против корупцијата, односно да се види што е направено и како да се напредува понатаму. Според него, борбата против корупцијата е од клучно значење, не само затоа што Македонија е во процес на преговори со ЕУ во рамките на кој оваа обалст ќе биде дел од сите поглавја, туку уште поважно е што е во интерес на сите граѓани заради иднината, заради квалитетот на живот, особено за младата генерација која често гледа излез надвор од земјава.

ир порача дека борбата против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото е во центарот на процесот на проширување на Унијата, а задача на власта, на државните институции, владата и парламентот е да бидат пример во тој поглед. Сепак, ЕУ има многу забелешки.

– Иако гледаме некаков напредок во реформите врзани со владеењето на правото, борбата орстанува разочарувачка. Во извештајот на Европската комисија има јасни насоки што треба да се прави и кои се приоритетите. Сите ги знаеме, но досега премалку е постигнато. Нивото на имплементација е недоволно, изјави евроамбасадорот Гир.

Во воведното обраќање тој кажа дека треба политичка посветеност од сите, а своја улога треба да има и Парламентот. Исто така неопходен е засилен ангажман од институциите, зајакната антикорупциска законска рамка и нејзина реализација, но и заедничка рбаота на власта и опозицијата.

Гир уште еднаш кажа дека се неопходни проактивни истраги, ефикасност на обвинителството и борба против корупцијата на сите нивоа. Притоа потсети дека судството има клучна улога во борбата против корупцијата.

– Потребни се независни судии и обвинители за да се врати јавната доверба во судството, рече Гир и потсети дека ЕУ инвестираше многу во борбата против корупцијата во земјава и сега е време да се испорачаат видливи резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…