ИЗМАМЕН БУГАРИН: Купил скап автомобил без мотор на аукција!
Бугарин кој учествувал на наддавање организирано од бугарската Национална управа за приходи, платил за скап автомобил, но, како што вели – го добил без мотор.
Во документацијата пишувало дека автомобилот бил во многу добра техничка состојба, со 6-брзински менувач, јави Нова ТВ.
Имено, Даниел Николов најпрвин мислел дека дошло до недоразбирање. Откако се испоставило дека наместо на моторно возило, станал сопственик на нецелосен автомобил, мажот побарал да му бидат вратени парите. Меѓутоа, Управата одбила да му ги врати пари.
Одговорните, наместо тоа, го советувале дека треба да го прифати купениот автомобил и сам да си ги бара правата на суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…