Димитровски: Ковачевски ни рече „ќе донесат илјадници работници од повеќе земји, ќе работат како мравки по 60 саати“
Премиерот Димитар Ковачевски на коалициска средба во суперлативи зборувал дека Бехтел и Енка ќе донесат илјадници работници од Тајланд и од Виетнам кои на коридорите ќе работат како мравки, тврди за Лидер поранешниот заменик-министер за локална самоуправа, Зоран Димитровски.
– Ние прашувавме како кога немаме толку работници. Тој ни рече – ќе видите, тие ќе донесат од повеќе земји, од Тајланд, Виетнам, ќе видите илјадници работници како мравки ќе работат по 60 саати. Тој тоа ни го говореше. А во Србија што се случуваше… Имаше исто голем скандал со кинеска инвестиција каде се злоупотребуваше работна сила од азиските земји. Луѓето беа затворени во контејнери, работеа по 60 саати, бел ден не можеа да видат – изјави Димитровски во интервјуто.
Димитровски тврди и дека има информации дека се формира конзорциум од мали градежни компании од Тетово на кои „веќе им е сугерирано од Артан Груби и од компанија дека ќе ги добиваат бизнисите за изградба на коридорите“, а преку кои ќе се вработат луѓе пред претстојните избори догодина.
Димитровски и Демократскиот сојуз излегоа од Владата поради несогласување со францускиот предлог за уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајанов: Сега е времето да ги бараме…
Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Македонските аеродроми рушат рекорди
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат…
Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка…
Индустриското производство е позитивно и тоа е…