НИКОБ: Тенденциозни и крајно непрофесионални се нападите кон компанијата – работиме според највисоки стандарди

t

Преку соопштение за јавност НИКОБ Обезбедување одговори на нападите на нивна адреса од Гласен Текстилец. Целиот текст интегрално подолу:

Компанијата ги оценува како тенденциозни и крајно непрофесионални нападите кои ги лансираше „Гласен текстилец“ во врска со деловната одлука на Корисникот на услуги, која е надвор од наша можност на влијание.

Станува збор за промена на начинот на обезбедување од 24 часовен на 12 часовен, и од тие причини вработените дирекцијата за физичко обезбедување на НИКОБ што беа ангажирани да ги безбедуваат објектите на државната управа низ државата мораше да бидат прераспределени на други објекти што е редовна пракса кај агенциите за обезбедување.

Од непознати причини мал дел од вработените одбија да бидат распределени во рамки на можностите кои во моментот ги има компанијата. Право на личен избор на секој од нив е дали тоа ќе го прифатат или не.

Компанијата Никоб Обезбедување останува посветена на високите стандарди за работа и давање на врвни услуги од нашиот домен на работа. Ние и понатака ќе одговараме на барањата на сите клиенти согласно склучените договори, а според нашите високо професионални стандарди.

Создавањето искривена перцепција кај читателите не е реалната слика и вистинска информација за состојбите поврзани со конкретниот настан и не е во ничија корист.

За сите останати прашања вработените може во секое време да се обратат во секторите на компанијата, што е веќе 25 години воспоставена пракса. Ова е единствениот начин на кој се создава добра пракса и доверба.

Со почит, Никоб обезбедувањ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајанов: Сега е времето да ги бараме…

Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

Македонските аеродроми рушат рекорди

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат…

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка…

Индустриското производство е позитивно и тоа е…