Лога на средба со ОМО Илинден Пирин: Меѓународната заедница ќе биде информирана за неисполнување на пресудите од Стразбур од страна на Бугарија!

t

Министерот за правда, Кренар Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин, информираат од Министерството за правда.

-Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин. На средбата Лога беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија.

Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер за правда кој ги повикал на разговор.

Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира и да се регистрира.

За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори. – информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…

Бугарската влада во вторник се задолжи за…

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…