Екипите на Град Скопје интензивно работат на расчистување на трасата и продолжување на булеварот “АСНОМ”
Екипите на Град Скопје активно работат на терен со цел расчистување на трасата од објекти кои се наоѓаат на трасата за продолжување на булеварот АСНОМ низ Керамидница, соопшти градоначалничката Данела Арсовска која денес изврши увид во работата на трасата.

На трасата за новиот булевар кој е продолжение на мостот, се наоѓаат вкупно 285 имоти и објекти кои се експроприираат.


Интензивно се работи на расчистување на имотно-правните односи за објектите во Керамидница кои се наоѓаат на трасата на пробивањето на булеварот во овој дел градот. Со изградбата на новиот мост Михајло Апостолски и пробивањето на булеварот АСНОМ, се поврзуваат Општините Аеродром и Гази Баба. Со жителите во Керамидница поразговаравме за приоритетите во тој дел од градот, за кои тие понудија предлог решенија за одредени проекти. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…