Британската полиција заплени ЕДЕН ТОН кокаин во Ла Манш
Британската гранична полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во водите на Ла Манш, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.
Британската полиција откри голем број предмети кои плутаат на површината на водата, по што биле однесени во пристаништето Довер, каде тестовите потврдиле дека се работи за повеќе од еден тон кокаин.
Дрогата се запленува околу 1,5 месец откако два тона кокаин, спакувани во херметички затворени пакувања, од кои некои беа прикачени на елеци за спасување, беа исфрлени на брегот на француските плажи во Нормандија.
Министерството наведува дека минатата година во Англија и Велс биле запленети 18,8 тони дрога, што е зголемување за 68 отсто во однос на периодот 2020-2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германските цариници заплениле кокаин вреден 500 милиони…
Германските царински службеници во пристаништето Вилхелмсхавен во…
Истрага за осомничен за продажба на кокаин…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Окриени десет килограми кокаин во автомобил
Во координирана акција на Основното јавно обвинителство…
На пристаниште во Солун откриени над 270…
Полициските службеници го пронашле кокаинот во контејнер,…
Французин уапсен со кокаин вреден 13 милиони…
Холандските власти уапсија 30-годишен Французин во петокот…