(Видео) 30 години уништивме сè во име на Европа, Западот нема интерес да постои Македонија
Влезот на Бугарите во Уставот за нас е погубен, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
-Поразително е да кажете дека нема алтернатива, само Европа се зборува, кај е Македонија во приказнава? Ќе исчезнеме, ќе бидеме Курди на Балканот.
Во деведесеттие години Америка имаше интерес да постои Македонија, Глигоров тогаш знаел да изигра мудро, ни мирно се осамостоивме. Сега во овој историски момент западните сили немаат интерес од постоење на Македонија. Што е следно, Дејтон. Следно следи бејрутизација на Скопје и дејтонизација на Македонија. Поделби по реки, ностови и слично.
Само во Босна има тоа што се случува во Македонија, двојазични униформи, двојазичност. Во име на Европа градиме апартхејд, младите Албанчиња и Македончиња зборуваат на англиски, дали сме нормални?
Во име на Европа 30 години се што имавме се едеградирано, нема сектор кој можете да го закрпите. Тезите на Левица биле радикални, ма баш ми е гајле, имаме идеи за концепт што тука некогаш функционирал и функционира – вели Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…