Објавено на:

Поранешен холандски амбасадор во Москва рече дека Украинците се Руси па си поднесе оставка

t

Холандскиот дипломат Рон ван Дартел, кој пред само три недели беше именуван за специјален претставник кој ќе го промовира холандското учество во обновата на Украина, поднесе оставка откако пред неколку дена изјавил дека „Украинците се Руси“.

Ван Дартел, кој е поранешен холандски амбасадор во Србија, Полска и Русија, поднесе оставка поради коментарите што му ги кажал на авторот на една нова книга, уште пред да биде назначен на новата функција, пренесува „РТЛ“.

– Украинците исто така се Руси. Тоа не смееме да го заборавиме. Тоа е реалноста, рекол холандскиот дипломат.

Министерство за надворешни работи соопшти дека ја прифатило неговата оставка.

Холандското МНР соопшти дека изјавата на дипломатот била дадена пред неговото назначување месецов, но била објавена дури откако тој ја презел функцијата.

Ван Дартел „сфати дека повеќе не може да функционира веродостојно со дадените изјави и затоа реши веднаш да поднесе оставка“, соопшти холандското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…