Објавено на:

Маж застрела 9-годишно дете во воздушна пушка

t

Маж со воздушна пушка застрела 9-годишно дете во Шуменско, Бугарија, извести тамошната полицијата.

Инцидентот се случил во четвртокот после 19 часот и 30 минути. Детето со отворена рана на десната страна на главата над увото во болница го однеле родителите. По прегледот било констатирано дека повредата е површна. Детето било сместено во медицинската установа без опасност по животот.

По извршена истрага, утврдено е дека во кругот на центарот на заедницата во селото Косово, 42-годишен маж испукал истрел со воздушна пушка и го удрил момчето кое си играло со другите деца.

Извршен е претрес во домот на мажот – одземена е воздушна пушка со куршум во неа. Пронајдени се уште пет најлонски кеси со куршуми за ловечки патрони, направа за експлозија на капсула – запалувачи за ловечки патрони и капсула-запалувач; две артилериски гранати од мал калибар, две пластични кеси со сиво-црна материја слична на барут, муниција за пушка, 19 куршуми со мазна муниција, торбичка со капсула за запалување, чаури, празни патрони. Областа беше опколена.

Мажот е приведен. Истрагата за случајот продолжува под надзор на обвинителството, пренесуваат бугарските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15 девојчиња помали од 15 години лани…

Бугарската јавност беше шокирана од веста дека…

Ќучук не знае или намерно шири дезинформации…

Случајот со Ива Михајлова повторно го отвори…

Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…

Владата на Румен Радев одобри испраќање до…

Речиси 40 килограми кокаин откриени во камион…

Речиси 40 килограми кокаин откриле царински службеници…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со магнитуда од 2,1 степени…