Секој жител на Македонија лани создал 467 килограми отпад

t

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Македонија во 2022 година изнесува 856 766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3,3 отсто повеќе од 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во земјава изнесува 605.638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4.2 отсто.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172.288 тони или 28.4 проценти од вкупното собрано количество.

Од вкупното количество на собран комунален отпад, 506.257 тони или 84 отсто се од домаќинствата, а останатите 16 отсто се од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 494.693 тони или 81.7 отсто, а најмало количество има отпадот од гума – 1.487 тони или 0.2 проценти од вкупното собрано количество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…

На почетокот на летната сезона, непријатни слики…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…