Бог да чува: Крадец напаѓал пензионери во Скопје
Полицијата вчера во 13.25 часот го уапсила А.А.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, извршена на 15.04.2023 на подрачјето на Центар, каде со употреба на физичка сила одзел паричник од 71-годишна скопјанка.
Исто така, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево во текот на вчерашниот ден извршиле службен разговор со пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „разбојништво” по член 237 од КЗ на РСМ, извршено на 13.04.2023 на подрачјето на Аеродром врз 88-годишен скопјанец, од кого одзел паричник и два мобилни телефона.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…