Уапсени двајца крадци од Струмица кои „оперирале“ по деловни објекти
Денеска (21.04.2023) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Р. (30) од Струмица, во чиј дом бил извршен претрес со судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
Во извршен службен разговор во полициска станица, осомничениот признал дека на 11.04.2023 извршил кривично дело тешка кражба во деловни простории, сопственост на правно лице во Струмица, а украдените лап топ компјутери ги продал на лице од Струмица.
По преземени мерки, украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.
Истиот ден полициски службеници од СВР Струмица, постапувајки по судска наредба, извршиле претрес и во домот во кој престојувал О.Х. (40) од Струмица, при што биле пронајдени часовници, парфеми и други предмети, кои потекнуваат од кражба извршена на 18.04.2023 година во куќа во Струмица. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту…
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на пратеничката и…
Македонија пред големо енергетско поврзување со регионот
Македонија во првата половина на 2027 година…
Волково добива нов климатски отпорен парк: Просторот…
Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен…
По 11 години застој, Охрид ќе го…
По речиси 11 години од почетокот на…
МПЦ-ОА се спротивстави на кратење на неработните…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија се…