Почина проф. д-р Кирил Конески – човекот чија научна и стручната работа беше сврзана со проблематиката на современиот македонски јазик
На 19 април во Скопје почина др Кирил Конески ,човекот чија научна и стручната работа беше сврзана со проблематиката на современиот македонски јазик во областите на правописот и јазичната норма, граматичката структура на јазикот, лексикологијата, зборообразувањето и лексикографијата за кои напиша повеќе книги, статии, прикази:
Толковниот речник на македонски јазик (редактор). БИБ.: Глаголските конструкции со ќе во македонскиот јазик, 1996; За македонскиот глагол, 1999; Правописен речник на македонскиот литературен јазик, 1999; Зборообразувањето во современиот македонски јазик, 2003…… Покрај неговата трудољубиост и научните трудови тој ќе остана зампаметен и како ретко духовит човек со мила фаца и насмевка
Кирил Конески е роден на 19 јануари1929 година во Прилеп, каде што го завршил основното и средното образование. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за македонски јазик и литература (1950’–’1954). Од 1970 година ги посетувал постдипломските студии по македонски јазик како еден од првите студенти, а во 1973 година магистрирал со одбрана на трудот „Значењата на императивот во македонскиот јазик“ објавен во списанието Македонски јазик (1973/74). Во јуни 1979 година докторирал со одбрана на докторската дисертација „Глаголските конструкции со ќе во македонскиот јазик“,објавена во едицијата Посебни изданија,( кига. 17), на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
По завршувањето на школувањето (1954), работел кратко време како лектор по македонски јазик во Радио Скопје и како професор по македонски јазик во Индустриското училиште во Скопје. Од 1957 до 1969 година е асистент и виш стручен соработник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Во 1969 година е избран за предавач, а следната година за професор по македонски јазик на Педагошката академија во Скопје, каде што работел до крајот на 1979 година. Во 1980 година е избран за вонреден професор по современ македонски јазик, а во 1985 година за редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, каде што работел до пензионирањето (1989).
Како асистент во Институтот за македонски јазик бил на деветмесечна специјализација во Варшава (1959) и на тримесечен студиски престој (1964), а во 1968 година ја посетувал Летната школа за чешки јазик во Брно. Како професор на Педагошката академија од октомври 1976 до декември 1978 година (три семестри) бил прв лектор по македонски јазик на Катедрата за словенска дијалектологија на Државниот универзитет во Москва.
Надвор од редовната работа, д-р Кирил Конески учествувал во работата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како лектор (1970 – 1977), заменик-директор (1980 – 1981) и директор (1984 – 1985). За потребите на семинарот подготвил Прирачник за лекторски вежби по македонски јазик, 1969, и учебник Македонски јазик за странци – среден курс, 1977 (со повеќе изданија). Подолго време бил ангажиран како експерт по македонски јазик во Комисијата за утврдување на идентичноста на текстовите на јазиците на народите на Југославија при Собранието на СФРЈ во Белград. Бил член на редакцијата на списанието Литературен збор од 1988 до 1990 година.
На полето на општствената дејност имал разни задолженија: бил делегат во Соборот на здружениот труд на Општина Карпош , член на Научниот совет (1978) и Советот (1980) на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, член на Славистичкиот комитет, директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, член на Претседателството на Сојузот на друштвата за македонски јазик и летература, продекан на Филолошкиот факултет и шеф на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, член на Одборот за соработка со странство во областа на јазикот при Комисијата за културни врски со странство и др.
По пензионирањето соработувал со Филолошкиот факултет како наставник до изборот на негова замена и како член на комисии за одбрана на магистерски и докторски дисертации, бил член на Советот за македонски јазик (2002 – 2006) и претседател на Комисијата за полагање испит за лектор (1998 – 2010), при Министертството за култура, и главен редактор на проектот Толковен речник на македонскиот јазик во шест тома, во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
За придонесот во дејноста на Педагошката академија бил одликуван со Орден на трудот со сребрен венец (1978), а за работата на Филолошкиот факултет (1989) со Орден заслуги за народ со сребрени зраци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари
Трамп го најави T1 – новиот американски…
Во Струмица се одржува Државното првенство во…
Од вчера до 21 јуни во хотелот…
Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…
Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…