(Фото) Комитска порака осамна на тренинг центарот на Воска
Утре во Охрид на стадионот на Билјанини извори ќе се игра дербито на сезоната во Втората фудбалска лига меѓу двете првопласирани екипи, Воска и Вардар, а навивачите на црвено-црните, веќе стапија во акција.
Комитите поставија транспарент на оградата на тренинг центарот на Воска со кој најавија инвазија на Охрид, иако натпреварот ќе се игра пред празни трибини.
„Напред Вардар. Сите во Охрид“, е пораката на транспарентот кој Комитите го поставија на оградата на тренинг центарот на ривалот.
Иако е одлучено натпреварот да се игра без присуство на навивачи, Комитите ќе патуваат за Охрид за да им дадат поддршка на своите фудбалери на мечот кој може да биде одлучувачки за пласман во Првата фудбалска лига.
„Ќе ја осетат во недела вошките охридски силата на четите комитски!
Од тренинг центарот на ФК Воска, пораката е јасна: ИНВАЗИЈАТА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ!
ЗА КЛУБОТ – ЗА ГРУПАТА!“ , објавија Комити на својата страна на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас: Ја силувал сопругата, па ја претапал…
Маж од Кичево е пријавен за силување…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени…
Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е…
Пукање од возило во Сарај: Едно лице…
На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…
Нетанјаху: „Имаме способност да ги напаѓаме нашите…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата, при…