Четворица повредени во сообраќајка на патот Штип-Неготино, другото возило побегнало од местото

t

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во собраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Штип – Неготино помеѓу патничко моторно возило „Пежо 407“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(45) од Штип и патничко возило кое го напуштило местото на настанот.

Како што соопшти МВР, повредените биле пренесени во штипската болница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Ш., а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(42), М.М.К.(29) и уште една малолетна сопатничка, сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи се огради од навредливиот говор на…

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир…

Паднаа уште две лица за милионски криминал…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

(Фото) Армиските „Волци“ со успешна обука во…

Припадници на Баталјонот на специјални сили –…

Украина со 650 дрона ја нападнала московската…

Вкупно 650 украински дронови ноќеска биле искористени…

Литванија ја укинува уставната забрана за нуклеарно…

Парламентот на Литванија гласаше за укинување на…