Објавено на:

Утре ќе се знае дали Косово ќе стане член на Советот на Европа

t

Барањето на Косово за членство во Советот на Европа ќе се најде на дневен ред на состанокот на Комитетот на министри утре, кој е закажан за 14 часот и 30 минути.


Како што е објавено на веб-страницата на Советот на Европа, во предлог дневниот ред, во втората точка која опфаќа актуелни политички прашања пишува „апликација за членство“, иако без да се спомене Косово, но косовските медиуми пренесуваат дека нема сомнеж дека се работи за барање од Приштина, со оглед на тоа што тоа е единственото барање кое пристигнало на адресата на Советот на Европа во Стразбур уште во мај минатата година.
Во оваа прилика, советничката на претседателката на Косово, Рејхан Вуниќи, на Твитер објави дека барањето на Косово за прием во Советот на Европа ќе се разгледува утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…

Иранска терористичка мрежа врбува млади за убиства…

Мрежата Фокстрот е организирана криминална група поврзана…

Млитава Европа: Децата и адолесцентите во сè…

Децата и адолесцентите во Европа не достигнуваат…

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…