Тамара Јованов: Почнаа онлајн академиите да тврдат дека нема потреба од факултет, оти на академијата ќе научиш се’ што ти треба
Почнаа онлајн академиите да тврдат дека нема потреба од факултет, оти на академијата ќе научиш се’ што ти треба.
Очигледно имаме изгубено компас за значењето на високото образование и како во храната, така и во се’ останато бараме да биде брзо!?
Ама брзо, ретко кога е и доволно.
Високото образование, не е лошо да се потсетиме, дека треба да создава мислечки академски граѓани, кои ќе го градат идното општество, а не само привремен импут во бизнисите, како што тоа најчесто го прават академиите.
Да ми извините, ама образование од неколку месеци и неколку скрипти од по 100 страни можат само да начнат одредена тема, најчесто во однос на трендовски алатки според потребите на пазарот.
Додека, посветени студенти, кои неколку години вистински студиозно проучуваат одредена област и го соберат знаењето од квалитетни учебници и автори, имаат повисоко ниво на разбирање прво на областа, а потоа и на нејзината примена во општеството на долг рок, не само во однос на актуелен тренд.
Да не говориме и дека се’ она што се предава на академиите за по 2000 евра, го има и бесплатно со 2-3 клика на нетов, за некој што вистински му се учи. Исто време ќе потроши – неколку месеци.
Подобрите факултети пак, со сите свои мани, имаат извадено генерации студенти кои денес се успешни насекаде во светот, безмалку бесплатно (државните).
Секако дека нашето високо образование денес е далеку од совршено, ама од академија е најмалку неколку години разлика, што и не е така малку.
Секако и дека не се сите за на факултет, ама дефинитивно не се сите и само за на академија.
Редно време е да научите да разликувате стручно од високо образование и да разберете каде се вклопувате во пејзажот, наместо да ги учите младите дека немаат потреба од факултет.
Чисто се сомневам дека инженери, лекари, професори, архитекти, стратези и сл. ќе можат да станат со неколку месечна академија.
Дајте со усул малку во тоа рекламите!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Турска серија“ во Штип: Турци ограбиле сограѓани,…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23),…
Од утре задолжителна зимска опрема за сите…
Од утре, 15 ноември, стапува во сила…
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…