Добро утро со Инфомакс: Во неговите мртви очи ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедива! 118 години од херојската смрт на Христо Узунов

t

На денешен ден во 1905 година загинал Христо Димитров Узунов, македонски револуционер, учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ.

Узунов загинува херојски, на 24 април 1905 година, од Крушево заминал за кичевско, придружуван од страна на 14 соработници и револуционери, добро вооружени четници и двајца војводи, Ванчо Србаков и Пецето за да го исполнат решението за погубување на петнаесетмината ренегати во една ноќ. Но во кичевското село Цер биле опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Тие не примиле никаква помош па биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. Војводата Ванчо Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие низ огнот, во кој сепак не успеал. За да не им паднат на Турците живи во раце, тој и неговите 13 соборци извршиле саможртва.

Борбата во село Цер меѓу Узуновата чета и одредите од Крушево и Прибилци започнала утрината на 11/24 април. Четата направила обид да го пробие обрачот, но откако во Битката загинале Ванчо Србакот и Узуновиот четник – Наумче, четата се вратила во куќата на Костадиница Стојанова Паунова, која куќа била солидна и погодна за престојната борба. Борејќи сè до претпоследниот куршум, Христо Узунов со своите другари последните куршуми ги истрелале во себеси, не сакајќи живи да се предадат на османски власти. Сведок на сликата на простреланите четници бил Италијанецот Еторе Лодди, а во продолжение го пренесуваме неговото сведоштво.

Добро утро Македонци, еве како еден Италијанец ја виде Македонија во тој миг:

“На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. – Труповите на единаесет млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв… Ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедива!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…