12.000 луѓе во Бугарија протестираа за мир во Украина: Бараат неутралност на земјата
Бугарскиот марш за мир и неутралност се одржа во Софија и во другите градови низ земјата, а на митинзите, меѓу другото, беше речено дека Бугарија треба да остане неутрална во однос на конфликтот во Украина.
Настанот го организираа 54 интелектуалци, јавни личности, новинари и поранешни државни функционери, кои имаат намера да соберат доволно потписи за одржување референдум за бугарската неутралност, објави порталот Новините.
Според организаторите, собири се одржале во 36 градови низ државата.
Говорниците на трибината пред Националниот културен центар во Софија посочија дека Бугарија треба да остане неутрална во однос на украинскиот конфликт.
Собирот помина мирно, со зголемено полициско присуство, пишува бугарскиот портал.
Според организаторите, во главниот град на Бугарија имало околу 12.000 луѓе и тоа бил петти марш за мир и неутралност во таа земја. Следниот марш за мир и неутралност ќе се одржи во Софија на 21 мај, јавува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…