Објавено на:

Уште тоа ни треба: Австралија се подготвува за војна со Кина?

t

Австралија треба да троши повеќе на одбраната за да произведе своја муниција и да развие способност за удар со долг дострел, бидејќи воената моќ на Кина претставува регионален безбедносен предизвик, се вели во анализата нарачана од владата на Австралија, објавена денеска.

Одбранбениот стратегиски преглед го поддржува таканареченото партнерство AUKUS меѓу Австралија, САД и Велика Британија, кои постигнаа договор во март за создавање австралиска флота од осум подморници напојувани со американска нуклеарна технологија, пренесува АП.

„Ги поддржуваме стратешките насоки и клучните наоди наведени во прегледот, што ќе ја зајакне нашата национална безбедност и ќе ја осигура нашата подготвеност за идните предизвици“, рече австралискиот премиер Ентони Албанес.

Јавната верзија на доверливиот преглед препорача на австралиската влада да троши повеќе за одбрана од сегашната распределба од 2 отсто од бруто домашниот производ, да ја подобри способноста на австралиските одбранбени сили прецизно да ангажира цели на подолги дострели и самостојно да произведува муниција во Австралија.

Други препораки вклучуваат подобрување на способноста на силите да оперираат од австралиските бази на север и продлабочување на одбранбените партнерства со клучните партнери во индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи ги Индија и Јапонија.

Кинеското воено засилување „во моментов е најинтензивното и најамбициозното во светот“ од крајот на Втората светска војна, според анализата, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…

Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…

Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…

Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…