Шокантни податоци: До 14:00 часот издадени на 6 илјади рецепти за „Диазепам“ во Македонија – огромен дел од македонската популација навлечен на легални наркотици
Министерството за здравство во соработка со УНИЦЕФ и УСАИД го промовираше еден од најголемите проекти во областа на дигитализација на здравството по пуштањето во употреба на „Мој Термин“, а тоа е сајтот на „Е-Здравство“.
Со сајтот јавно достапни за граѓаните стануваат клучните информации за македонскиот здравствен систем кои треба да ги одредуваат понатамошните текови и вложувања во македонското здравство, но и откриваат шокантни податоци за здравствената состојба на македонскиот граѓанин.
Некаде до 14:00 часот според официјалните информации објавени во системот се издадени над 6 илјади рецепти за лекот „Диазепам“ кој е лек кој што се користи за смирување. Диазепамот (Валиум, Бенседин, Диазепамум, Seduxenum, Relanium, Sibazonum) спаѓа во групата на бензодиазепини (во почетокот произведуван под трговскиот назив Валиум) и претставува седатив, релаксант на мускулите, хипнотик и антиконвулзант, дејствува против анксиозност и емоционална нелагодност.

Но она што е најсериозно е фактот што бензодиазепини предизвикуваат криза кога ќе престанате да ги користите што пак значи дека огромен дел од македонската популација е навлечен на легални наркотици.
Кои се симптомите од престанокот на користење на бензодиазепините?
стомачни грчеви
агорафобија (страв од ситуации од кои е тешко да се избега)
анксиозност, вклучувајќи физички симптоми како мускулна напнатост, стегнати гради, забрзано чукање на срцето, потење, треперење или тресење
заматен вид
проблеми со концентрацијата
вртоглавица
болка во лицето и вратот
главоболки
зголемена чувствителност на светлина, бучава, допир и мирис
губење на интерес за секс
губење на апетит
блага до умерена депресија
гадење (чувство на мачнина)
кошмари
напади на паника
немир
проблеми со спиењето
воспалени очи
болен јазик и метален вкус
тинитус (зуење во ушите)
трнење во рацете и нозете (иглички и иглички)
нестабилни нозе
повраќање (да се биде болен)
губење на тежина.
Ова е само уште еден показател за психичката состојба во која се наоѓаме како општество. Да потсетиме на неодамна објавеното истражување дека Македонците се најнесреќен народ на Балканот и на дното во Европа. Ова го покажува најновиот извештај „Среќата во светот 2023“ објавен од Обединетите Нации. Од вкупно 137 држави Македонија се најде на 87-то место во друштво на Конго, Венецуела и Украина. Први на листата најсреќни се Финците, а од регионот Словенците на 22 –та позиција. Истражувањето е направено врз основа на 3 годишен просек и тоа за време на Ковид пандемијата, а го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп. Граѓаните одговарале на прашањето – колку се задоволни од својот живот?
Сепак ова е само дел од шокантните податоци кои ни ги открива системот на „Е-Здравство“…
Најкористен лек во Македонија е Еналаприлот кој е лек за срцеви заболувања. Еналаприлот е инхибитор на ангиотензиниот претворачки ензим (АКЕ) кој се користи во третман на хипертензија. АКЕ го претвори пептидниот хормон ангиотензин I во ангиотензин II. Еден од ефектите на ангиотензин II е вазоконстрикција на крвните садови, што резултира со зголемување на крвниот притисок. АКЕ инхибиторите, како еналаприлот, го спречуваат тоа претворање а со тоа и ефектите на ангиотензинот II.
Ова упатува на тоа дека огромен дел од македонската популација заболува од сериозни срцеви заболувања. Само до 14:00 денес, 24.04.2023 година издадени се повеќе од 8 илјади рецепти за овој лек.
Вториот најиздаван рецепт е рецептот за метформин, бројката до 14:00 часот надминува над 7 илјади рецепти. Метформин, со заштитено име Глукофаж помеѓу другите, претставува лек од прва линија за третман на тип 2 дијабетес мелитус. Ова пак упатува на фактот дека огромен дел од македонската популација страда од дијабет тип 2.
Дијабетес мелитус тип 2 е метаболично нарушување што се карактеризира со висока крвна гликозаво контекст на отпорност на инсулин и релативна дефициенција на инсулин.Наспроти него е дијабетес мелитус, тип 1, каде што има апсолутна дефициенција на инсулин поради уништување на островски клетки во панкреасот.Класични симптоми сепрекумерна жед, често мокрење и постојан глад. Дијабетесот од тип 2 го има кај 90 % од случаите на дијабетес, а другите 10 % се должат на дијабетес мелитус, тип 1 и гестациски дијабетес. Се смета дека примарна причина за дијабетесот од тип 2 кај луѓето со генетски предиспозиции е дебелината .
Најчестата дијагноза денес дијагностицирана кај над 10 илјади македонски граѓани е I10 односно Есенцијална (примарна) хипертензија, oдносно висок крвен притисок. Втората дијагноза по ред која кореспондира со бројот на издадени рецепти на Метформин е Е11, односно дијапет тип 2.
Покрај шокантните податоци кој ни ги открива сајтот на Е-здравство системот и озвозможува на граѓаните да имаат увид во делот на термини кај доктори специјалисти, детални информации за детските вакцини и други останати поволности.
Извор: E-Здравство
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Турска серија“ во Штип: Турци ограбиле сограѓани,…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23),…
Од утре задолжителна зимска опрема за сите…
Од утре, 15 ноември, стапува во сила…
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…