Како низ своја земја: Касами ќе ја шета претседателката на Косово низ Тетово

t

Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу на 27 април во четврток ќе ја посети Општина Тетово, информираа од локалната самоуправа.

„Превидено е Вјоса Османи Садриу во Општина Тетово да има средба со градоначалникот Билал Касами и заедничка изјава за медиумите. Потоа следуваат прошетки до ООУ „Лирија“, градскиот плоштад каде ќе има музички настап со стари народни песни, како и посета на Шарена џамија, информираа од Општина Тетово.

Од СВР Тетово соопштија дека на денот на посетата на претседателката на Косово во четврток на 27 април во Тетово ќе има посебен сообраќаен режим.

„Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата на булеварот „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со улицата „Видое Смилевски-Бато“ до крстосницата со улицата „Благоја Тоска“. Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање и на улицата „ЈНА“, на потегот од крстосницата на улицата „Димо Гавровски-Кара“ со булеварот „Илинденска“, како и на булеварот „Илинденска“, на потегот од крстосницата на Булеварот „Маршал Тито“ со улицата „ЈНА“. На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот. Апелираме во четврток на 27-ми април возачите да не се движат со нивните возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба, но и да имаат разбирање и трпение за изменетиот сообраќаен режим и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници, со што непосредно ќе придонесат за безбедна реализација на официјалната посета на косовската делегација“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…