Потврдена коалицијата на ДПМНЕ и СДСМ и во Град Скопје: Заеднички блокираа нови автобуси за скопјани
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и на денешната седница на Советот на Градот Скопје здружено не гласаа за набавка на автобуси за ЈСП.
Со 14 гласа “ЗА” денеска не беше донесена одлуката за задолжување за набавка на нови еколошки автобуси. За одлуката не гласаа советниците од советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Заменик-градоначалникот Александар Трајановски истакна дека прво што им паѓа на памет на советниците од овие советнички групи се провизии и договорени проценти.
-Многу ми е жал што перцепцијата на дел од моите колеги е дека ако ние се стремиме да имаме јавна набавка и задолжување за автобуси е да прашаат дали од претходно ги имаме договорено условите. Тоа е страшно поразително. Едните прашуваат дали ни требаат приватните превозници, зошто сме купувале автобуси, не ни требаат стари од по 40 години автобуси.
Што не е јасно? Иста набавка сте склучиле пред три години, сега беспредметни дискусии, вие подобро знаете во каква финансиска состојба е Град Скопје, ајде објаснете ни. Прашувате каква боја ќе биле автобусите, страшно, вели Трајановски.
Советникот на Левица, Амар Мециновиќ вели дека поради политички пресметки на двете партии со градоначалничката и неприфаќањето на фактот дека не се власт, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не поддржуваат проекти кои се клучни за граѓаните. Тој исто така праша дали е потребно граѓаните да ги убедуваат и молат советниците да поддржат нешто што е за доброто на сите скопјани.
Советничката Катерина Јовановска нагласи дека сите го критикуваат јавниот превоз и ситуацијата во ЈСП, а од политички причини не гласаат за набавка на автобусите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…