Екс-градоначалничка на Македонска Каменица заработи кривична пријава

t

Екс-градоначалничката на општина Македонска Каменица С.С. ја злоупотребила службената должност додека била на функцијата.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(55) од Македонска Каменица и Т.С. (35) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

-На 11.08.2020 С.С. како градоначалник на општина Македонска Каменица, ја злоупотребила својата службена положба и овластување, постапувајќи спротивно на чл.50 ст.1 т.15 од Законот за локална самоуправа и наместо имотот на општината да го евидентира и да спроведе транспарентна постапка за негово отуѓување, откако претходно се уверила дека двете цистерни за мазут не се водат како основно средство на основно училиште во Македонска Каменица, ангажирала јавно претпријатие од Македонска Каменица за откривање и вадење на цистерните. Второпријавениот го организирал отстранувањето на цистерните од јавна површина од Македонска Каменица преку правно лице од Кавадарци за износ од 147.200 денари, информира МВР.

Со извршеното дело пријавените предизвикале вкупна материјална штета на општина Македонска Каменица во износ од 7.600.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Култура на живот заедно во Македонија

/Создаваме добри граѓани и трајни заедници/ Промовираме…

Два брода погодени од дронови во Бугарија,…

Два трговски брода се погодени од дронови…

СДСМ: Фон дер Лајен потврди дека нема…

СДСМ ја обвини Владата дека повторно создава…

ТРАМП СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Иран можел да…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја брани…