Скопјани не застанале на СТОП, па излетале од патот и удриле во паркирани возила – ПОВРЕДНИ 4 ЛИЦА

t

На 25.04.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Велес–Полициска канцеларија Градско ги лишиле од слобода Џ.Р.(22) и Ф.З.(22), двајцата од с.Батинци, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 418 Д од Кривичниот законик.

Околу 21.40 часот на регионалниот пат Градско – Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р., а сопатник бил Ф.З..

Возилото не застанало, продолжило со движење, по што излетало од патот и удрило во паркирани патнички возила „сеат“ и „опел“ со велешки регистарски ознаки.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Х.(30) од Пакистан, додека со телесни повреди се здобиле Џ.Р., Ф.З. и М.С.А.(28), сопатник од Пакистан, констатирани во болницата во Велес.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Култура на живот заедно во Македонија

/Создаваме добри граѓани и трајни заедници/ Промовираме…

Два брода погодени од дронови во Бугарија,…

Два трговски брода се погодени од дронови…

СДСМ: Фон дер Лајен потврди дека нема…

СДСМ ја обвини Владата дека повторно создава…

ТРАМП СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Иран можел да…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја брани…