НЕ ПОЧИНАЛО БЕБЕ ВО БИТОЛА: Директорката на болницата вели дека денеска се родило здраво и живо машко дете

t

Д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“- Битола, во изјава за МИА истакна дека лажна е веста за починато бебе по породување на мајката, која во текот на денот беше објавена од медиуми во земјава.

– Ја известувам јавноста дека лажна е веста за наводно починато бебе по породување на мајката. Напротив, во текот на денешниот ден регистриравме раѓање на здраво машко бебе, и тоа е 190 новороденче од почетокот на оваа година – изјави Ивановска.

Како што е познато, д-р Елизабета Ивановска, специјалист-интернист од неодамна е нова директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не придаваме преголемо значење на повторното…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста…

Подгответе се за гужви – Почнуваат градежни…

Град Скопје ги известува граѓаните на наслеба…

Уште денови со пеколни горештини: Живата на…

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло…

Нов украински напад, Крим остана без струја

Украинските сили извршија нови напади врз цели…