Ковачевски: Нема ништо тајно во договорот со „Бехтел и Енка“
Изградбата на коридорите 8 и 10д е стратешки национален интерес за државата со кој ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата со околните земји и со светот со модерна патна инфраструктура и првпат се поврзуваме со запад и со исток што никогаш не било случено досега, бидејќи досега имавме поврзување само север-југ, со што само неколку фирми држеа монопол на транспортот и на Солунското пристаниште, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за пратенички прашања.
Во одговор на прашањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во однос на Договорот со „Бехтел и Енка“, околу последиците по државата доколку измените на Законот за експропријација не се донесат во предложената форма во Собранието, со кои по експропријацијата одземениот имот веднаш се доделува во владение на компанијата, премиерот истакна дека вакви одредби има и во сегашното законско решение, потенцирајќи ја при тоа важноста на овој проект.
– Од кружен тек на Балканот со изградбата на коридорите, Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да биде сообраќајна и економска важна делница на картата на Европа. Овие инфраструктурни инвестиции се траен влог во создавање на наследство за идните генерации, потенцира Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…