(Видео) Арсовска: Политичките елити единствено што знаат е да критикуваат, никогаш не излегле со решение и затоа Македонија тапка 30 години во место
Коментирајќи ја посетата на Босна и Херцеговина и збратимувањето со Бања Лука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостувањато на телевизија 24 посочи дека е многу тешко да им се угоди на политичките елити од двете страни на политичкиот спектар бидејќи истите критикуваат што и да се прави.
Таа потенцира дека политичките елити единствено што знаат е да критикуваат, никогаш не излегле со решение и затоа Македонија тапка 30 години во место.
-Знаете како ако одите зошто одите, ако не одите ништо не правите, ако не објавите ништо не работите, ако објавите многу се фалите така да тешко е да се угоди на политичките елити. Тешко е да се угоди на политичките елити кои што единствено што знаат е да критикуваат, никогаш не знаат да излезат со соодветно решение и затоа 30 години Македонија тапка во место. Наместо да се зафатат со тоа да работат во интерес на граѓаните тие тераат само дневна политика и прес-конференции меѓусебно да се обвинуваат и за мене тоа не е прицнип на работа. Јас гледам она што треба да го направима да го направиме ефикасно да имаме што е можно повеќе пријатели, сметам дека тоа е една додадена вредност не само за Град Скопје туку и за Македонија, да имаме луѓе со кои ќе можеме да соработуваме и да оставиме траен белег. Доколку критика доаѓа за пријатество или за тоа што отпочнуваме нови соработки тоа навистина сметам дека се рефлектира во она што граѓаните го кажуваат на избори, а тоа е дека над 50 проценти од граѓаните во Македонија спаѓаат во категоријата не гласам и ниту една политичка понуда на пазарот не ми се допаѓа, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не им требаат било какви работници –…
Европскиот пазар на труд се соочува со…
Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…
За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…
Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…
Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…
Експерти за експлозивни направи од ирската армија…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…