(Видео) Арсовска за набавката на автобусите: На Мицкоски само провизии му се вртат во глава, одеа од врата на врата со мојата програма, а сега во Советот гласаат против
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување на телевизија 24 го коментираше третиот обид во Советот на Град Скопје да помине гласањето за набавка на нови автобуси.
Според неа целосно нелогично е тоа што СДСМ во мандатот на Петре Шилегов набавило нови автобуси за сега за иста таква набавка во Советот да гласа против. Според неа постапките на СДСМ во Советот се целосно нелогични.
А што се однесува до фактот што ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје гласаше против за набавка на нови автобуси таа истакна дека раководството на оваа партија ја интересираат само провизии.
-Едните имаат пред некоу години набавено иста бројка на автобуси и тогаш сметале дека за граѓаните на Скопје е нормално да имаат постојано нов возен парк и да можат граѓаните да се возат во нови и современи автобуси и да може да има стандарди и да се исфрлат од употреба оние кои што имаат пониско еколошки стандарди и оние кои што повеќе загадуваат. На другите само провизии им се во главите, тоа е веќе фројдов комплекс. Тоа што си мислите тоа го кажувате и се партија која има најмногу обвинувања за разно разни провизии. Јас сум еден човек кој што сака да направи промени, и позади себе и покрај себе ги имам само граѓаните. Не верувам дека има човек во Македонија на кој што не му е јасно дека нема да се борам вака силно доколку се сомневам во истото што го правам, вели Арсовска.
Арсовска вели дека ќе стори се за да се исполни и спроведе програмата „За Модерно Скопје“
-Товарот на неисполнување на програмата „За Модерно Скопје“ е на нив. Јас како човек и како градоначалник сакам да ги реализирам и ќе направам се овие проекти да се реализираат. Ако не се реализираат товарот е на сите оние кои што носеле програма од врата на врата дека го поддржуваат овој концепт „За Модерно Скопје“ и сега истата програма не ја поддржуваат во Советот, додава таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…
Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…
ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…
Сите државни ресурси ангажирани на терен за…
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…