Објавено на:

Вучиќ не бил примен во болница, вели дека е во добра здравствена состојба

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во четвртокот вечерта не бил итно примен во болница, како што пренесоа многу медиуми, потврдено е во кабинетот на претседателот за весникот Данас, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави за Спутник дека е во „добра здравствена состојба“ и дека денеска оди на планирана обиколка на Зајечарскиот округ.

Неколку портали во Србија, но и во регионот, во четвртокот вечерта соопштија дека Вучиќ бил примен во болница, „но не и во ВМА, како што пишуваше на социјалните мрежи“, каде беа пласирани различни дезинформации за здравствената состојба на претседателот на Србија.

Порака за поддршка до Александар Вучиќ на Твитер испрати и потпретседателката на Народното собрание на Србија од владеачката Српска напредна партија (СНС) Сандра Божиќ.

-Целосна поддршка за претседателот Вучиќ! Знаеме дека не се штеди, дека живее и дише за Србија, напиша Божиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…