Односите со Македонија се искомплицираа, вели бугарскиот МНР
Бугарија е на страната на „територијалниот интегритет“ на Украина, на страната на меѓународниот правен поредок, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Николај Милков во интервју за „Панорама“.
„Бугарија активно ја поддржува Украина. Секогаш добиваме благодарност не само од нашите партнери, туку и од Украина за нашата помош и поддршка. Повеќе од 250 милиони евра е вкупната помош што Бугарија и ја дава на Украина, ние сме на шестото место во светот во условите за помошта што и ја даваме на Украина во однос на бруто домашниот производ“, додаде тој.
Милков смета дека односите меѓу Бугарија и Република Македонија станале покомплицирани. „Нивните заложби во нивниот парламент со гласање на европскиот предлог создаваат проблеми во Скопје. Тие мора да носат сложени одлуки, блиску до катарза. Не можеме, а да не реагираме на проблемите на граѓаните со бугарска самосвест во РМ, со манифестација на агресија. Имаме интерес да се бориме да ги заштитиме правата на овие граѓани, но тоа е и многу важен приоритет – членството на РМ во ЕУ. Спојувањето на двете работи е аеробатизам“, додаде шефот на дипломатијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Европа ја повикува Бугарија да…
Комесарот за човекови права на Советот на…
Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…
6-годишно дете го уби татко си во…
Трагедија во Бугарија: 6-годишно дете по грешка…
6-годишно дете по грешка го уби својот…
ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…
Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…
Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…