Доживотен затвор за велепредавство во Русија
Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја.
За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига, пренесе Бета.
Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор.
Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример.
Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…