ВМРО на Мицкоски со порака до странците, не се секирајте ние ќе го смениме уставот кога ќе дојдеме на власт
Во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 гостуваше пратеникот и член на ИК Антонијо Милошоски.
Тој во однос на уставните измени посочи дека уставни измени во овој парламентарен состав нема да се случат.
Во овој парламентарен состав нема да се случат промени на Уставот затоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери има цврст став околу ова прашање и не сакаме да ги изневериме граѓаните за нешто што не сме добиле легитимитет. Ниту пак да бидеме покритие за власта за грешните потези што ги преземаа во однос на Софија“, рече Милошоски.Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е расположено за избори во секој момент, но власта не е.„По однос на предвремени избори ние сме за и расположени сме во секој момент да има предвремени избори. Но гледам дека кај СДСМ и кај ДУИ не постои расположение за предвремени избори особено кај ДУИ како партија која во моментов иако нема премиер сепак ДУИ е главниот политички играч во Владата, а СДСМ станува спореден коалиционен партнер односно втор“, кажа Милошоски.Милошоски потенцираше дека што и да побара ДУИ добива од СДСМ бидејќи СДСМ е во страв од избори и смета дека со задоволувањата кон ДУИ ќе останат подолго на власт.
Но ајде да се запрашаме што значи „цврстиот став“ на ВМРО-ДПМНЕ? Дали ставот дека нема да има уставни измени во овој парламентарен состав е порака до странскиот фактор дека ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е подготвено да го смени Уставот, но само откако ќе дојде на власт.
За ваквата промена во ставот на Мицкоски, говореше и премиерот, Димитар Ковачевски, кој повеќе пати го повика лидерот на опозицијата да го каже пред јавноста тоа што наводно го зборувал на средби во амбасадите. Како што рече првиот човек на Владата, Мицкоски ја уверувал меѓународната заедница дека ќе го промени Уставот доколку дојде на власт.
-ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали тоа што го зборува по амбасади „Дајте ни власт и безусловно ќе го промениме Уставот“ ќе го каже и пред народот. Односно дали ги лажат амбасадите или го лажат народот. Прво тоа прашање мора да го одговорат па да продолжиме со дискусијата – изјави Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…