Дали опозицијата ќе се убедува да гласа за уставните измени со „зајакнат идентитет“

t

Ќе предложи ли работната група за уставните измени, освен внесување на Бугарите.. во Преамбулата да се додаде и нов текст за зајакнување на самобитноста и идентитетот на македонскиот народ и да се потенцира историскиот континуитет на македонскиот јазик?

Канал 5 дознава дека ваква идеја произлегла од една од членовите на работната група, на конситутивната седница што ја имаа во средата, но дали ќе биде формализирана или ќе остане само како личен став, се очекува да биде појасно на следната седница која треба да се одржи кон крајот на следната недела..

Информацијата простриу и во некои од медиумите… Според Бранко Героски, целта на ваквата идеја е да се неутрализира негатвното влијание со внесувањето на Бугарите во Уставот и да се направи обид да се обезбеди целосен политички консенсуз за уставните измени.

Конкретен рок до кога треба да бидат изготвени предлог-уставните амандамни нема, но најавите од владата се дека тие да се најдат во Собранието кон крајот на мај или почетокот на јуни… Сепак, се погласно се шпекулира, дека можно е почетокот на процедурата да биде пролонгиран за септември, со надеж дека дотогаш ќе се најде потребното мнзоинство од 80 пратеници…

Според динамиката предвидена со европските документи, за да нема прекин на европските интеграции целата постапка треба да биде заокружена најдоцна до ноември, кога завршува т.н. скрининнг.. Министерот за правда Кренар Лога денеска од меѓународна конференција на Универзитетот на Југоисточна Европа, порача дека е време заеднички да се донесе државничка одлука за уставните измени и дека од нас зависи дали ќе стоиме во место или ќе чекориме напред кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…

За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…

Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…

Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…

Експерти за експлозивни направи од ирската армија…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…