(Видео) Апасиев за уставните измени: Утакмицата е продадена, ВМРО-ДПМНЕ потклекна
На официјалното отворање на новата канцеларија на Левица во Прилеп, во својот говор претседателот на Левица, Димитар Апасиев се задржа и на моменталната ситуација со најавените измени на Уставот со цел да им се удоволи на барањата на Бугарите и воедно потенцираше:
“Мислам дека утакмицата е продадена и ВМРО-ДПМНЕ за жал потклекна под притисокот. Тие ја сменија плочата и направија салто мортале со својата изјава за хрватски модел на преамбула и веќе тоа значи дека тие се на линија да го променат уставот.
Ние веќе отпочнавме една мини кампања во сите градови, во сите наши локални ограноци “НЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ” бидејќи сметаме дека тоа е “Софиска платформа” која што не вродува со плод, никакво добро не може да донесе за Република Македонија.
Ставањето на Бугарите во уставот не е така наивно, тоа носи правни консеквенци баш поради тоа што Република Македонија е држава која што признава малцински колективни права, и тоа повлекува многу понатаму, повлекува бугарски културни клубови, повлекува радио и ТВ канали, повлекува културна пропаганда која што до сега се финансираше од странски фондови, а сега ќе се финансира од државниот буџет така што тоа не е воопшто наивна констатација т.е. промената на Преамбулата не е воопшто наивна. Ние ќе сториме сè за тој процес да го спречиме.
Се надевам дека во овој парламентарен состав нема тоа да се случи меѓутоа за во идниот убеден сум дека големите партии ја имаат “продадено утакмицата” и од тука ги повикуваме граѓаните да гледаат кој се бори искрено да го сопре овој мачен процес кој што е второ полувреме, рачунајте Преспанскиот договор беше едно предавство, ова е второ, меѓутоа ќе дадеме сè од себе за да го спречиме затоа што на следни избори Левица очекува да има двоцифрен број на пратеници. Отпорот кој ќе го дадеме ќе биде многу поголем одколку сега што успеваме со Бехтел и Енка, гледате се бориме само ние двајца.
Мислам дека следуваат тешки времиња кои што само ќе ја отворат Пандорината кутија за понатамошни бугарски вета, а нема да ја затворат” – изјави Апасиев.
(Видеото е позајмено од медиумот Инфо-Компас) – ЛИНК од видеото
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…