Бајден почна да собира повеќе од милијарда долари за неговата кампања за реизбор
Американскиот претседател Џозеф Бајден им се заблагодари на некои од неговите најголеми донатори кога ја започна својата реизбор-кампања и се очекува дека ќе треба да собере над милијарда долари за да обезбеди втор мандат.
Поради вас стојам овде сега. И поради вас, овој пат ќе победиме, рече Бајден на митингот вчера во хотел во Вашингтон.
Таа викенд-конференција не беше наведена како собирање средства и не е јасно колку од присутните дадоа чекови за кампањата на Бајден. Собирот беше најавен како стратешки состанок на 150 главни донатори и собирачи на средства кои потоа ќе се обратат до нивните мрежи за да помогнат во финансирањето на кампањата на Бајден во следните 18 месеци.
Присутни беа и некои од најистакнатите гувернери на Демократската партија – Гевин Њусом од Калифорнија, Вес Мур од Мериленд и Фил Марфи од Њу Џерси и други пратеници блиски до американскиот претседател.
Ние се уште се бориме за душата на земјата, рече Бајден, повторувајќи ја својата порака од кампањата во 2020 година кога го победи републиканскиот претседател Доналд Трамп, кој тогаш се кандидираше за втор мандат.
Веројатно трката ќе се повтори и на претседателските избори следната година, бидејќи според анкетите Трамп води во републиканската претседателска номинација.
Советниците на Бајден и неговиот претседател на кампањата денеска ќе ги информираат учесниците за стратегијата на кампањата пред трката во 2024 година. Во вторникот Бајден официјално објави дека ќе се кандидира за нов мандат на претседателските избори во 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…
Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…
Бајден повторно фатен како чита одговори на…
Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…
Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…
Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…
Бајден вети 200 милиони долари за Украина…
Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…