Ноќна акција на МВР: Скопјанец уапсен поради тешка кражба

t

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ноќеска околу 2 часот го лишеле од слобода А.Б. (33) од Скопје, поради основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Како што информира денеска МВР, А.Б. се сомничи дека на 25 април во близина на зградата на националната радио-телевизија во Скопје одзел пари од 60-годишниот Ф.С.

Во присуство на дежурен јавен обвинител, денеска е извршено препознавање, при што оштетениот со сигурност го посочил А.Б. како сторител на делото.

По документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик, посочуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…