Пригожин: Секој ден имаме купишта илјадници тела кои ги ставаме во ковчези и ги испраќаме дома
Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од градот Бахмут во Украина во позадината на големиот број жртви, јави ДПА, цитирана од БТА.
„Секој ден имаме купишта илјадници тела кои ги ставаме во ковчези и ги испраќаме дома“, изјави синоќа Пригожин во интервју со рускиот воен блогер Семјон Пегов. Загубите беа пет пати поголеми од потребното поради недостаток на артилериска муниција, рече Пригожин.
Шефот на „Вагнер“ рече дека испратил писмо до рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу со барање за набавка во најкус можен рок. „Ако недостигот од муниција не се пополни, принудени сме – за да не бегаме како кукавички стаорци – или да се повлечеме или да загинеме“, изјави 61-годишниот Пригожин.
Пригожин, исто така, рече дека најверојатно ќе биде принуден да повлече дел од своите војници, но предупреди дека тоа ќе значи дека фронтот ќе се урне на друго место. Борбите за Бахмут траат со месеци во источна Украина. Загубите на двете страни се тешки. Украинските бранители контролираат само мала област во западниот дел на градот.
Киев соопшти дека Москва нема да успее во напорите да го отсече Бахмут од украинските патишта за снабдување. „Веќе неколку недели Русите зборуваат за освојување на „патот на животот“ и за одржување на огнената контрола над него. Во реалноста, сè е поинаку“, изјави Серхиј Черватко, портпаролот на Источната група на украинските вооружени сили. Иако имаше борби за патот од Бахмут до Часов Јар, Русите не успеаја да го нарушат снабдувањето на бранителите, рече Черватко. Агенцијата ДПА истакна дека не може да ја потврди оваа информација од независни извори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…