Полска се подготвува за директна војна со Русија?
Полска провоцира директен судир со Русија, изјави Олег Соскин, поранешен советник на бившиот претседател на Украина, Леонид Кучма.
– Полска оди кон засилување на воените напори. Тие спроведуваат отворени непријателски дејствија против Русија. Последните случувања веќе се директна провокација кон Путин – смета експертот.
Според неговото мислење, Варшава купува вооружување и ја зголемува бројноста на својата војска за да се подготви за директна конфротација со Москва. Тој исто така забележува дека полската влада сега води провокациска политика кон руското дипломатско претставништво.
Полска пред неколку денови влезе во средното училиште во руската амбасада во Варшава наменето за децата на дипломатите. Како што пренесоа руските медиуми, полицијата внатре го попишувала имотот во училиштето како подготовка за заплена на истиот. Амбасадорот на Русија Сергеј Андревеј изјави дека овој потез е нелегален.
– Ова е упад во дипломатски објект – изјави тој.
Тој додаде дека оваа постапка е кршење на Бернската конвенција за дипломатски односи.
– Секако дека ќе има реакција – рече амбасадорот.
Граѓаните на Варшава го нарекуваа објектот на средното училиште шпиунско гнездо, а спорот за него трае цела година.
Портпаролот на полското МНР Лукаш Јасина вели дека овој потег го одобрил полскиот суд и дека власта постапува законски.
– Наше мислење е, а тоа го потврдија и судовите, дека овој имот припаѓа на полската држава и дека Русија незаконски го завзема. Оваа зграда припаѓа на градската куќа на Варшава – вели Лукаш.
Од Москва нагласија дека за овој повод нивната реакција ќе биде остра.
Руското МНР заплената ја оцени како непријателска и како кршење на Виенска конвенција за дипломатски односи, како и како чепкање во руски дипломатски имот.
– Овој дрзок чекор на Варшава, кој излегува од рамките на цивилизирани меѓудржавни односи нема да остане бев остра реакција и последици за полската власт и за полските интереси во Русија – се вели во сооптението на руското МНР.
Заплената на училиштето се случива среде силно нарупените односи меѓу Русија и Полска кои се влошија по руската инвазија на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…