Објавено на:

Турција објави дека е ликвидиран лидерот на “Исламска држава”

t

Наводниот лидер на групата „Исламска држава“ е убиен во Сирија за време на операција на турската разузнавачка агенција МИТ, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од АФП и БТА.

„Осомничениот лидер на ДАЕШ, со кодно име Абу Хусеин ал Куриши, беше неутрализиран во операција спроведена во саботата од страна на МИТ во Сирија“, објави Ердоган на телевизија.

Групата Исламска држава ја објави смртта на претходниот лидер Абу Хасан ал Хашими ал Куриши на 30 ноември, заменувајќи го со Абу Хусеин ал Куриши.

Дописникот на АФП од северна Сирија рече дека турските разузнавачки агенти и локалната воена полиција, поддржани од Турција, во саботата опколиле област во Џиндиреш, во северозападниот регион Африн.

Жителите изјавија за АФП дека операцијата била насочена кон напуштена фарма која се користела како исламско училиште.

Во средината на април, САД извршија хеликоптерска операција во северна Сирија, велејќи дека групата Исламска држава планира напади во Европа и на Блискиот Исток.

Централната команда на САД соопшти дека во операцијата е убиен висок лидер на групата ИД.

И покрај тоа што беше протерана од голем дел од територијата што некогаш ја контролираше, групата Исламска држава сè уште извршува напади во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…

Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…

Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…

Размена на тешко ранети војници и можна…

На денешната средба помеѓу руската и украинската…