Два одделни протести на синдикатите по повод Меѓународниот ден на трудот

t

Со барања за зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори, денеска синдикатите ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот. Најавени се одделни протести на двата најголеми синдикати во земјава.

Под мотото „Работниците се државата“, Сојузот на синдикати на Македонија ќе го почне протестот точно напладне пред зградата на ССМ, а ќе го заврши пред Владата, а Конфедерацијата на слободни синдикати под мотото „За правда, за еднаквост“ ќе протестира два часа порано со крајна дестинација пред Владата.

За синдикатите е неприфатливо платите на работниците да не бидат зголемени кога се овозможува зголемување на платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд. Нелогично е, велат тие, во време на инфлација да се укинуваат одредби од Законот за плати на функционерите со кои се овозможува зголемување на нивните плати, а од друга страна да нема зголемување на платите на работниците.

– Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството, велат од ССМ.

Првомајскиот протест, според ССМ, е единствен начин власта да го слушне гласот на работникот затоа што, како што велат, носителите на законодавната и извршната власт и работодавачите немаат слух за проблемите на работниците. Протестите, најавуваат, дека ќе продолжат со засилено темпо и по 1 Мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…

Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…

Вработените од Еуроникел го блокираа патот Кавадарци…

Веќе 6 месеци  трае преписката на синдикатот…

(Фото) Протест на судската и јавнообвинителска служба,…

Вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот…

Жители на Финска протестираат поради затворањето на…

Граѓаните на Лапеенранта во Финска рекоа дека…