Објавено на:

Левица: Да го укинеме неолиберализмот, да ја победиме сиромаштијата!

t

Полиитчката партија Левица објави соопштение по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во кој повикува да се укине неолиберализмот и да се победи сиромаштијата.

Во продолжение соопштението на Левица:

-По повод 1 Мај – Денот на трудот, кога работниците во сите земји заеднички манифестираат класна солидарност за подобрување и унапредување на своите права, на македонскиот работник му е ускратена можноста да излезе и да се бори за своите права. Македонскиот работник, кој пред четири децении ги уживаше сите права, денес е сведен на ниво на роб на големите корпорации и газди. Со промена на општественото уредување, класната нееднаквост и раслоеност сè повеќе доаѓаат до израз, за да кулминираат со здравствената, енергетската и економската криза, во кои богатите станаа побогати, а сиромашните сè посиромашни.

Македонија последниве години доживува економски колапс. Инфлацијата галопира, годишната стапка во октомври достигна дури 19,8 отсто, но нема изгледи да стивнат покачувањата на цените, кои и покрај владините „замрзнувања“, не ја запреа инфлацијата и во март оваа година е повисока за 14,7% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на синдикалната минимална потрошувачка кошница забрзано расте и во декември 2022 година изнесува 51.235 денари, а ги опфаќа само најнеопходните трошоци за едно четиричлено семејствово кое живее во дом од 50 м2 и не поседува автомобил. За една година повисока е за околу 50 отсто, поради енормниот раст на трошоците на живот во овој период. Покачувањето на платите и пензиите не го следи  растот на инфлацијата, а тоа значи намалување на животниот стандард и куповната моќ на населението. Од друга страна, во најголемата економска криза банките, енергетиката, фармацијата, приватните здравствени установи и трговците со нафта и гас, бележат рекордни профити.

Просечната исплатена нето-плата по вработен во февруари 2023 година, изнесува 33.720 денари. Иако е повисока во однос на претходниот месец, поради инфлаторните движења, реалната просечна нето-плата е далеку пониска и воопшто не ја прикажува вистинската слика за висината на платите во Македонија. Просечната плата стана само инструмент за прикривање на животниот стандард и сиромаштијата, затоа што само 20 отсто од вработените во Македонија земаат повисока или еднаква плата со просечната. Состојбите дополнително се комплицираат со укинувањето на одредба од страна на Уставниот суд за пресметка на платите на функционерите, кои поради погрешна интерпретација и примена ќе добиваат дури 78 отсто повисока плата. Ова дополнително ќе ја зголеми просечната плата која ниту одалеку нема да ја отсликува реалната куповна моќ на обичниот човек.  

Антикризни мерки нема, освен маркетиншко манипулирање со јавноста за замрзнување на цените, кои кога ќе се укинат, ќе создадат ценовни шокови, затоа што трговците ќе се потрудат добро да ги наплатат претрпените „загуби“. Затегањето на монетарната политика ги зголеми само профитите на банките и воопшто не ја намали инфлацијата. Напротив, во континуитет се намали животниот стандард и куповната моќ на работниците, кои од егзистенцијални причини плаќаат сè повисоки и неповолни кредити поради зголемување на референтна и променливите каматни стапки.

Учеството на странскиот капитал е огромно и сè поприсутно, не само во банкарскиот сектор туку и во најпрофитабилните трговски друштва. Македонците станаа евтина работна сила која работи за минимална плата за сметка на богатење на странските инвеститори, кои пак, од друга страна имаат даночни и царински олеснувања, а добиваат дури и директна државна финансиска помош. Згора на сè, со монополската положба на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, кој ДУИ има намера да го ослободи од ДДВ и царини, ќе се зголеми нееднаквоста на македонските работници и компании.

Со оваа безидејна влада, економскиот раст е намален и стапката на раст на БДП во четвртото тримесечје од 2022 година падна на 0,6 %, што е многу пониско од проектираниот на  2,9% во 2023 година. Јавниот долг и понатаму расте со забрзано темпо и на крајот на 2022 година изнесува 7,703 милијарди евра. Но, власта и понатаму нè задолжува за да ги сервисира тековните обврски и оваа година новите задолжувања достигнаа речиси една милијарда евра. Во наредниот период само по основ на еврообврзници и државни обврзници ќе достасаат над 5  милијарди евра, а владата не запира со задолжувањата и со нејзиното расипничко владеење, идните генерации ќе плаќаат огромни камати, покрај главницата, без да имаат некои придобивки.

Власта, заедно со ВМРО-ДПМНЕ работи во корист на олигарсите, а на сметка на работникот и затоа не воведува прогресивно оданочување, со што би се собрале значајни средства во буџетот од најбогатите, дури и го блокираа предлог законот за данок на солидарност. На располагање има цел сет на мерки, но очигледно е дека не само што неефикасно и неекономично ги трошат народните пари за изградба на инфраструктурни проекти, туку и евидентно е нерационалното и недомаќинското трошење на буџетот кој им е доверен од страна на народот.

Затоа денес, на 1 Мај,  да ја оспориме концентрацијата на богатството и моќта и да бараме крај за неолиберализмот. Можеме заедно да ги промениме правилата за данок, за да се погрижиме најбогатите да го платат својот фер дел. Можеме да бараме повеќе средства за јавното здравство, културата и образованието. Можеме да бараме правични плати за сите.

Заедно, можеме да се бориме против нееднаквоста и да ја победиме сиромаштијата!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

01. мај 2023

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа…

Пратениците на Левица најавуваат дека ќе побараат…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…