Објавено на:

Србите од денеска ќе плаќаат за осум отсто поскапа струја

t

Во Србија од денеска струјата е поскапа за осум отсто, а гасот за десет отсто, па струјата ќе биде 13,31 динар за киловат час со данок, а гасот 4,55 динари.

Просечната цена на електричната енергија за корисниците кои имаат право на гарантирано снабдување по регулирани цени, односно за домаќинствата и малите потрошувачи, е без даноци и такси е 9,50 динари/киловат час, односно 13,31 динар/киловат час со даноци и такси и е повисока во споредба со претходната просечна цена за осум отсто, соопшти Агенцијата за енергетика.

Според ценовникот на ЕПС за двотарифно мерење, во таканаречената зелена зона, која опфаќа потрошувачка до 350 киловати месечно, од денеска цената на повисоката тарифа е 8,3360, а на пониската 2,0840 динари. .

Во сината зона, каде потрошувачката е од 351 до 1.600 киловати месечно, повисоката дневна тарифа е 12.5040 динари, а пониската 3.1260 динари.

Во црвената зона, каде потрошувачката е поголема од 1.600 киловати, во повисоката дневна тарифа од денеска киловат чини 25.0080, а во долната 6.2520 динари.

Во еднотарифно мерење, киловат сега чини 7,2940 динари во зелената зона, 10,9410 динари во сината зона и 21,8820 динари во црвената зона, пренесува Спутник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…