Објавено на:

Неочекуван пад на eкономската активност во Кина во април

t

Индексот на менаџерите за набавка (PMI) во Кина падна на 49,2 поени во април од 51,9 поени во март, објави Националното биро за статистика на Кина.

Овој резултат не е во согласност со претходните очекувања на пазарот, кој предвидуваше благ пад на PMI, на 51,4 поени, пренесува CNN.

PMI е параметар кој се користи како показател за економската активност, а резултатот под 50 укажува дека економијата е во состојба на контракција, односно пад на економската активност.

Ова е најголем пад на економската активност од декември, кога PMI беше забележан на 47 поени.

Производството во април е зголемено за 50,2 поени, што е помалку од мартовските 54,6, а намален е и бројот на нови нарачки – 48,8 во однос на мартовските 53,6 поени.

Новите извозни нарачки паднаа на 47,6 поени од мартските 50,4.

Глобалната побарувачка е мала, па затоа некои извозници се принудени да ги замрзнат дополнителните инвестиции, пренесува Танјуг.

Кинеската економија порасна побрзо од очекуваното во првиот квартал поради силната потрошувачка во услужниот сектор, но фабричкото производство заостануваше зад овие резултати поради слабиот глобален економски раст, се заклучува во анализата на Си-Ен-Ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…

Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…