Објавено на:

Папата Франциск порачал Украина ја се откаже од контраофанзивата?

t

Папата Франциск рече дека би сакал да се сретне со рускиот православен патријарх Кирил.

„Со патријархот Кирил разговарав само еднаш по почетокот на војната, 40 минути… Средбата со Кирил, која требаше да ја одржиме во Ерусалим (јуни минатата година), беше одложена поради војната, но треба да да се одржи“, рече поглаварот на Римокатоличката црква на прес-конференција на пат од Унгарија, каде што беше во апостолска посета.

Папата истакна дека врската со рускиот патријарх ја одржува преку митрополитот Антониј, кој е нов раководител на одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.

Во меѓувреме, претседателот на Светската унија на стари верници, Леонид Севастијанов, за Спутник изјави дека папата Франциск ја повикал Украина да се откаже од офанзивата и изразил подготвеност да помогне во организирањето на преговорите.

„Папата Франциск ги повикува страните во украинскиот конфликт да се откажат од офанзивните обиди и да седнат на преговарачка маса. Желбите на страните можат да се остварат само на преговарачка маса, а невозможно е да се договорат на бојното поле… Тој е подготвен, доколку има желба, во секое време да ги испрати своите преговарачи во Киев и Москва за да помогнат во почетокот преговарачкиот процес“, рече Севастијанов.

Франциск е првиот поглавар на Римокатоличката црква кој одржа состанок со патријархот по црковниот раскол во 1054 година. Тоа се случи во февруари 2016 година на Куба. На него беше потпишан заеднички документ со кој беа утврдени насоките за развој на дијалогот меѓу Римокатоличката и Руската православна црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дипломатска војна: Британија ќе го протера одбранбеното…

Велика Британија во средата соопшти дека ќе…

Американската амбасадорка привремено ја напушти Русија!

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси…

Путин: Не одбиваме дијалог со Западот, изборот…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше свечено…

Полскиот министер за одбрана: Нема да испратиме…

Полска не се подготвува и нема да…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…