Фашистичка Бугарија – Хитлеров жандарм на Балканот: Имало Македонци и пред Тито, ама некој насилно сакал да ги претопи
Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, на Фејсбук сподели извадок од книгата „Георги Димитров за македонското национално прашање” во која се нагласува дека по окупацијата Бугарија решила да го промени националниот идентитет на македонскиот народ и веќе никој не смее да се нарекува Македонец.
Во продолжение објавата на Мојсоска:
ФАШИСТИЧКА БУГАРИЈА – ХИТЛЕРОВ ЖАНДАРМ НА БАЛКАНОТ
„Со окупацијата на Србија и Македонија, бугарските владетелски кругови сметаа дека ја остварија основната цел на „националните идеали” и создавањето на „Голема Санстефанска Бугарија”. Тоа беше награда за Бугарија поради услугите на Хитлер. Но, за Германија, што беше во полн освојувачки замав, беше постигната уште една многу значајна цел: бугарските дивизии ги заменија германските дивизии и така ослободија бројни германски сили за продолжување на операциите во Грција, а подоцна и за дејства на Источниот фронт против Советскиот Сојуз.
Анексијата ја озакони бугарското Народно собрание со тоа што донесе повеќе закони во поглед на Македонија и деловите на Србија, сметајќи ги како составен дел на бугарската држава, независно од тоа што присоединувањето на овие територии кон Бугарија за време на окупацијата, додека уште траеше војната, беше спротивно на меѓународното воено право и Хагшката конвенција од 1907 година.
Во духот на својата завојувачка политика, Бугарија донесе и едностран акт за измена и на националниот ИДЕНТИТЕТ на македонското население со донесената одлука на бугарската влада за измена на државјанството на македонскиот народ! Никој не можеше да се нарече Македонец. Со овој акт, припадноста кон македонската нација беше ставена под најстрог удар на Законот за заштита на државата, а македонскиот јазик беше прогласен за ДИЈАЛЕКТ на бугарскиот.”
Дали Stevo Pendarovski го гледа повторувањето на историјата, кога во 2019 година, бугарското собрание едногласно донесе Декларација дека „македонскиот јазик е бугарски дијалект”? Дали ги гледа вековните стремежи за Санстефанска Бугарија, која денешна Бугарија го слави како државен празник?
Дали оваа силуета (наречена претседател) ја гледа ФАТАЛНОСТА на својата изјава, кога вели дека „државата нема да пропадне” – ако ги удоволиме барањата на оние кои никогаш не се откажале од негацијата и насилната асимилација врз македонскиот народ?
(*Текстот е извадок од книгата „Георги Димитров за македонското национално прашање”.)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…