Османи се слушнал со Кулеба: Македонија ќе поддржи формирање на специјален трибунал за “руски воени злосторства”
Министерството за надворешни работи информира дека шефот на дипломатијата Бујар Османи остварил телефонски разговор со неговиот украински колега, Дмитро Кулеба.
Во рамки на разговорот, Османи информирал за одлуката Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.
„Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, изјавил Османи.
Воедно, Османи ја реафирмирал нашата цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија. Во тој контекст, истакнал дека Македонија има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија, нагласувајќи ја и поддршката за украинскиот народ во справување со предизвиците од руската агресија.
Дополнително, стана збор и за активностите во рамки на претседавањето на Македонија ОБСЕ, како и за актуелните безбедносни состојби воУкраина и европскиот континент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…